избрани осврти за „Двајца во Еден“

/, Блесок бр. 12, Театар/Филм/избрани осврти за „Двајца во Еден“

избрани осврти за „Двајца во Еден“

Венко Андоновски
Глигор Стојковски
Мирче Томовски
Иван Ивановски
Владимир В.Голубовиќ
Џуди Мерсиер
Далибор Форетиќ
Некои податоци за „Двајца во Еден“

ТЕАТАР ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ – СКОПЈЕ

Томислав Османли
„Двајца во Еден“
Пиеса за Двајца, Месечина и Кукли

Премиера: 23 Мај 1998

Режија: Димитрие Османли
Сценографија: Љубомир Чадиковски
Музика: Димитрије Бужаровски
Кореографија: Кренаре Невзати
Костими: Александар Ношпал
Инспициент: Ѓурко Стојановски-Темчо

Учестуваат:
Нела – Изабела Новотни, Тања Кочовска
Тото – Драган Довлев
Принцезата – Ана Левајковиќ
Шутот – Игор Маџиров
Кукла, Пеперуга – Олгица Христовска

Пиесата „Двајца во Еден“ е камерна пиеса, горчлива приказна посветена на епохалното чувство на Осаменост. Тото, смешен мал багабонт, астролог и прескажувач на иднината, ја среќава кукларката Нела, една тажна и напуштена жена која доаѓа во паркот со намера да се самоубие. Така започнуваат нивните необични, но искрени ноќни среќавања под старото дрво и чудесната, постојано променлива месечина.
Сместени во запустениот парк, еден вид далечна, изветвена слика на Еденската градина, овие два тажни лика имаат контакт исполнет со осаменост. Тие еден на друг си кажуваат сомилосни лаги, измислувајќи ја, а потоа покажувајќи ја трагикомичната стварност на животот. Онака како што и животот е делумно бајка и сон за изгубениот и одново пронајден Рај, а делумно – една напуштена и несигурна реалност…

2018-08-21T17:22:07+00:00 јануари 1st, 2000|Categories: Осврти, Блесок бр. 12, Театар/Филм|