избрани осврти за „Двајца во Еден“

/, Блесок бр. 12, Театар/Филм/избрани осврти за „Двајца во Еден“

избрани осврти за „Двајца во Еден“

Венко Андоновски
Глигор Стојковски
Мирче Томовски
Иван Ивановски
Владимир В.Голубовиќ
Џуди Мерсиер
Далибор Форетиќ
Некои податоци за „Двајца во Еден“

Патоказ за крајот на векот

… Како и „Зоолошката приказна“ на Олби, ремек-делото на театарот на апсурдот, „Двајца во Еден“ се сместени во градскиот парк, место што во однос на рајската градина се смета за „паднато“ подеднакво како и денешниот човек во однос на Адам пред изгонот од Рајот и на лесната жена во однос на сопругата/вереницата. Градскиот парк е, секако, чудно место – трагикомично човечки, сиромашки обид да се симулира божествениот чин на создавањето и на контрола на Природата, ироничен азил за сите што не знаат дали да бегаат од самотијата, или можеби токму кон неа, тој е саркастична и мелодрамска реплика на Рајската градина и на Ноевиот ковчег и, конечно, на гробиштата кадешто веќе и според завршните зборови на драмата „сè еднаш завршува“. (…)
Библиските и астролошки, фаталистички конотации на „Двајцата во Рајот“, ја прават книгата старовемена, колку и ултра(пост)модерна.

(„Борба“, СРЈ)

2018-08-21T17:22:07+00:00 јануари 1st, 2000|Categories: Осврти, Блесок бр. 12, Театар/Филм|