Двајца во Еден: еден чин љубов
Навлегувајќи во сферите од онаа страна на едноставниот, секојдневен разговор на двајца непознати, текстот се обидува да го искаже сиот патос и трагика на човековата осаменост и оутѓеност. Ова е претстава градена врз текст со длабок мисловен набој кој постојано нè тера активно да се навраќаме кон него… Како што и самиот наслов сугерира, драмскиот текст е сконцентриран околу судбината на двајца млади, непознати еден на друг и ставени во еден заеднички простор. Тоа се карактери што имаат различни филозофски верувања и пристап кон она што се нарекува среќа, како и различно видување кон начинот како таа да се постигне. Нела и Тото намерно приликуваат на современи Ева и Адам, многу повеќе на оние создадени во Милтоновиот „Изгубен рај“ отколку на оние што ги откриваме во оригиналната приказна на Стариот завет…
(„Нова Македонија“, 23.04.1997)