Седум прозорци во дворот на Гундулиќева 24

/, Блесок бр. 63/Седум прозорци во дворот на Гундулиќева 24

Седум прозорци во дворот на Гундулиќева 24

првиот прозорец
вториот прозорец
третиот прозорец
четвртиот прозорец (макробиотско животно)
петтиот прозорец
шестиот прозорец
седмиот прозорец

Прво ја внесе смеата на тацна од мов, потоа ја запиша содржината: свежината на испраните алишта се цедеше низ нејзините нескротливи раце; дел по дел од влажната ткаенина црташе сенки од носталгија и младо тело: свилен врисок на фустан, крпи од фротир, неподносливо бели кошули и гаќички, мали, бојазливи, проѕирни гаќички од тантела во радосните прсти, на екранот на прозорецот, со нервозните нишки коса на провевот – како рекламна патетика на Левис – топла насмевка, влажни усни и непремостлива далечина помеѓу два спротивни прозорци.

2018-08-21T17:21:08+00:00 декември 29th, 2008|Categories: Поезија, Блесок бр. 63|