Седум прозорци во дворот на Гундулиќева 24

/, Блесок бр. 63/Седум прозорци во дворот на Гундулиќева 24

Седум прозорци во дворот на Гундулиќева 24

првиот прозорец
вториот прозорец
третиот прозорец
четвртиот прозорец (макробиотско животно)
петтиот прозорец
шестиот прозорец
седмиот прозорец

Чиновничка кујна во прозорскиот квадрат: цедалки и зачини, и врелата плоча на импровизираниот шпорет од кој израснува гломазно торзо, блесок на ќела и раце полни глад: храната така добива облик и звук, далечен од вкусот и носталгијата на мирисот, наталожена помеѓу ракописот на масата, во претрупаните фиоки на разузданото минато, кое немоќно умира денеска точно на пладне, кога мракот на завесите се симнува по падината на отворот, со меката смеа на овчарката и се населува во литографија. Владеењето на меланхолијата и гладот така конечно е обновено.

2018-08-21T17:21:08+00:00 декември 29th, 2008|Categories: Поезија, Блесок бр. 63|