Седум прозорци во дворот на Гундулиќева 24

/, Блесок бр. 63/Седум прозорци во дворот на Гундулиќева 24

Седум прозорци во дворот на Гундулиќева 24

првиот прозорец
вториот прозорец
третиот прозорец
четвртиот прозорец (макробиотско животно)
петтиот прозорец
шестиот прозорец
седмиот прозорец

Вик, крик, липот, радост, смрт: кога настанот ќе стане неизбежен и кога динамиката е непрепознатлива, јас само ги затворам очите и тонам во вителот од звуци, наполу во какофонија, наполу во канонади од младост и страв, од кои исцедувам само танатос, зашто помладиот брат и онака умре, како и сите, симнувајќи се низ празните страници на задолжителната литература во вечност која се повторува, само за нас, како кадар во филм или слика на горчина на сцена во подрум од градот без луѓе, без цветници, без калиграфија.

2018-08-21T17:21:08+00:00 декември 29th, 2008|Categories: Поезија, Блесок бр. 63|