Поеми

Поеми

Артемида и Актеон
Читање на христијанската академија
Песот на смртта
„Ве молиме испратете кратка биографија“
Ненадејна посета
Сол од пазарот

Стигнав и ме внесоа во една собичка.
„Има грешка, жал ми е. Библиотекарот
кој контактирал со Вас веќе не работи овде.“

„Но, можеме да Ви платиме, ако се согласите
да предавате неколку саати и да се контролирате.“

Така, им зборував на десетина студенти за фрагментот
и за запирката која го дели. Тие зборуваа за
моите бразлетни и за видливата тетоважа.

Ме прашаа зошто сум таков.
Им реков дека не знам. Ми ветија дека ќе се молат
за мене. Им реков „Фала.“

Ноќта во мотелот имаше две
Библии. Лежев на тесниот кревет,
ѝ се јавив на жена ми и ѝ читав од Песната
над песните:

Саќин мед капе од твоите усни, невесто,
мед и млеко се под твојот јазик, а мирисот
на твоите облеки е како ливански мирис.

„Дојди си дома“, рече таа. „Мирисам убаво
и едвај да носам некакви облеки.“

АвторРон Курџи
2018-08-21T17:20:37+00:00 ноември 10th, 2016|Categories: Поезија, Блесок бр. 110|