Поеми

Поеми

Артемида и Актеон
Читање на христијанската академија
Песот на смртта
„Ве молиме испратете кратка биографија“
Ненадејна посета
Сол од пазарот

Високата жена со долга, мрежеста торба ги разгледува зачините,
секој во своја лимена кутија, а газдата јаде јогурт, лижејќи
го од кадравата брада.

Таа сака бради, па купува малку сол за доматите. Тој вели дека е
од Мртвото Море и дека е многу скапа, но штом е таа толку убава
денеска ќе направи исклучок.

Кога ја прашува дали е омажена, таа вели дека сопругот ѝ е зафатен
барајќи десет праведници, па тврди дека ако ги најде
Содома ќе се спаси.

Тој се насмевнува. „Да Ви кажам, сигурно нема на ова грешно место.“
Таа ја прифаќа играта. „А јас Ви велам, можеме да изгубиме само малку време.“

Тој си ги лиже усните, покажувајќи совршени бели заби. А крупен е
со продорни кафени очи.

Таа ужива во синилото на самракот додека тој затвора.
Се прашува како патува Лот. Каква штета ако мораат да бегаат.
Сигурно мора да има десетмина.

АвторРон Курџи
2018-08-21T17:20:37+00:00 ноември 10th, 2016|Categories: Поезија, Блесок бр. 110|