Поеми

Поеми

Артемида и Актеон
Читање на христијанската академија
Песот на смртта
„Ве молиме испратете кратка биографија“
Ненадејна посета
Сол од пазарот

Пораснав во сурово гратче. Едно такси. Една црква. Дванаесет кафеани. Јагленокопачи и земјоделци. Се мразеа и постојано се тепаа, дури и по некој ужасен ден под земја или над неа. Прво само со грутки јаглен и со погрдни имиња наспроти репки и погрдни имиња. Но, репките не плашеа, туку само засмејуваа. Јагленот го има тој тврд двоглас гл додека репки… Па, кажете го наглас. Гледате што мислам. Така, следниот пат, земјоделците донесоа цигли. „Опа,“ рекоа рударите. „Ова се правилата: секој се бори со производите на својата избрана професија. Вие не сте ѕидари, земјоделци сте.“ Фрустрирани, земјоделците ги вратија циглите и си ги зедоа парите назад. Се вратија со грутки земја. Грутка има сличен тврд двоглас гр. Земјоделците и рударите ги стегнаа забите околу своите двогласи додека се гледаа себеси и своите непријатели. Тешко беше да се каже кој е помрачен, со оглед на богатата црна земја на јужен Илиноис. Но, сè уште имаше омраза. За рударите, гореше како голема линија јаглен кој уште лади во Камберленд, а за земјоделците печеше како содата која ја користеа да ги тргнат влакната од закланата свиња. Сè што навистина им требаше беше убавата ќерка на некој рудар да се заљуби во убавиот син на некој земјоделец. Но животот во моето сурово гратче не беше филм во техноколор кој ќе заврши со песна. Во сабота навечер, музиката од дванаесетте кафеани беше тажна и горчлива. Единственото такси беше зафатено, пренесувајќи мажи кои се премногу пијани да одат од една пијачница до друга и наплатувајќи во јаглен и во компири.

АвторРон Курџи
2018-08-21T17:20:37+00:00 ноември 10th, 2016|Categories: Поезија, Блесок бр. 110|