Патот кон тебе

/, Блесок бр. 75/Патот кон тебе

Патот кон тебе

Како снег
За невозможните лица
Платно
Сараево
Лимб
Патот кон тебе
Лузна

Колку лузни имаш не можам ни да замислам.
Пак јавија дека татко ти е мртов.
Дали е тоа добра или лоша вест?

Од „царскиот рез“ на твојата рака
не така одамна роден е накажан крал
кој ја оплакува твојата самотија кога ноќе врие
како гнила лубеница заборавена на масата,
како напуштен научен труд
за јазиците кои повеќе те издаваат
колку повеќе ги учиш и ги знаеш,
за секојдневието кое нуди малку и лажно.

„Добрите момци и идеалите се закопани“, велиш.
„Ужасно сум неправилна“.

Вар има во секој твој збор,
како мртовечки шлаг кој те одржува во живот
и постојано те враќа на почеток,
во новото доаѓање на свет од лузна.

АвторИван Херцег
2018-08-21T17:21:00+00:00 декември 21st, 2010|Categories: Поезија, Блесок бр. 75|