Патот кон тебе

/, Блесок бр. 75/Патот кон тебе

Патот кон тебе

Како снег
За невозможните лица
Платно
Сараево
Лимб
Патот кон тебе
Лузна

Миљацка е река за која велат дека постои,
а јас во далечината само ја насетувам.
Ти си стварна и во ноќта течеш толку бргу.
Косата ти е црна, марамата невидлива
и некој цврсто те држи за рака.
Ме гледаш долго и продорно зашто знаеш
дека треба да се запомни толку многу.

Во овој град сме еднакво далеку
еден од друг како и од Персија и Европа,
еднакво далеку од сите мртви и сите живи.

Би сакал нежно да ти гаснам цигари на рацете.
За мене да глумиш Сотона на сцената
од некој ислужен дом на култура.
Така би се ослободиле од една линија на животот,
од една судбина, од една линија на љубовта…
Би останале само уште оние на моите дланки.

Колку гробишта има во Сараево,
а колку на целиот свет?
Се прашува ли некој.

Никој. Зашто секој ја краде вистината.
Затоа сега, чеизлико, те молам
со последните сили да ми ги отсечеш рацете.

АвторИван Херцег
2018-08-21T17:21:00+00:00 декември 21st, 2010|Categories: Поезија, Блесок бр. 75|