Патот кон тебе

/, Блесок бр. 75/Патот кон тебе

Патот кон тебе

Како снег
За невозможните лица
Платно
Сараево
Лимб
Патот кон тебе
Лузна

„Ќе научам да живеам, ќе живееме заедно“,
повторувавме во себе, секој за себе.
Знаевме дека е така иако не се гледавме,
а потоа како по наредба влеговме во морето
до раменици и почнавме да го бакнуваме
во кругот околу себе, околу светот.

Полека патував кон тебе,
те гледав како убава плашлива селанка
во фустан од лионските кројачи, кралица на Индија,
слушав како од тебе проговорува
свирепата Јованка Орлеанка и кулерот Саи Баба.

Полека ми се приближуваше, ме меркаше
како тивок филигранер на планетите и сонцето,
опкружен со карти, агломери и далечина,
ме прифаќаше како некој кој можел да биде
Галилео Галилеј или Хиеронимус Бош.

Ќе научам да умрам, ќе живееме заедно,
како по наредба ќе влеземе во морето
и ќе се вртиме во круг, ќе тонеме, ќе молиме,
ќе сонуваме под вода, ќе се слушаме,
ќе молчиме еден за друг, ќе се мразиме
поради длабочината која ќе нè изобличи.

АвторИван Херцег
2018-08-21T17:21:00+00:00 декември 21st, 2010|Categories: Поезија, Блесок бр. 75|