од Баналии

од Баналии

како и обично се врати доцна
ништо не ми дале што би ми помогнало
слушаш ли, дејв, надвор нешто тропа
љубена ана, љубљана е како страшен кошмар
не разбирам зошто тука сè е толку погрешно

СЛУШАШ ЛИ, ДЕЈВ, НАДВОР НЕШТО ТРОПА.
Можеби е некој провалник. Или експлодирала бомба.
Ајде Дејв, разбуди се, можеби повторно избила војна
и пак треба да се оди в подрум. Немаш поим од сето тоа.
Колку часови, денови треба да се пробдеат во темнина.
Или е само пожар. Или соседот паднал од креветот.
Сè е можно. А ти спиеш и не велиш ни збор.
Разбуди се Дејв, да не бидам сам ако е крај на светот.
Ти, купче месо, Дејв, ти кој веќе со сите си спиел.
Со тебе не може да се излезе на крај. Нема ни да знаеш
дека си умрел и телото ќе ти засмрди. Во подрумот
ќе биде толку страшно што ќе морам да го исфрлам надвор,
да им биде плен на побеснетите пци. Потоа сите ноќни барови
ќе бидат на сигурно од тебе. Дејв, ништо не велиш.
Ме слушаш ли, дали некогаш воопшто и слушаш?
Пак тропа. Мислам дека не се работи за војна.
Веројатно се урива нашиот свет, на парченца, онака,
среде ноќ кога сите чесни луќе спијат како ти сега Дејв,
а јас го наслушнувам шумот
и страв ми е, страв.

АвторБране Мозетич
2018-08-21T17:21:36+00:00 септември 1st, 2004|Categories: Поезија, Блесок бр. 38|