од Баналии

од Баналии

како и обично се врати доцна
ништо не ми дале што би ми помогнало
слушаш ли, дејв, надвор нешто тропа
љубена ана, љубљана е како страшен кошмар
не разбирам зошто тука сè е толку погрешно

ЉУБЕНА АНА, ЉУБЉАНА Е КАКО СТРАШЕН КОШМАР.
Првото што ти паѓа на памет во овој град е да си ги пресечеш вените,
да си врзеш јамка околу вратот, или да се фрлиш
од облакодерот. Мораш да си постојано пијан и издрогиран
за да издржиш. Пријателите не се пријатели, познајниците
не се познајници, љубовниците не се љубовници, мајката не е мајка,
таткото не е татко, жената не е жена, тлото не е тло, сè лебди
во празнина без свршеток, призраци, духови, накази,
водата не е вода, воздухот не е воздух, огнот не е оган.
Љубена Ана, твојот град е крај на светот без никаква надеж,
вегетирање е, пеколни маки е, стискање е во желудникот,
концентрација на сите негативни сили што тежнеат само кон тоа
од тебе да направат глупак и сакат. Љубљана, змија со звучно име,
што нежно ти се обвива околу телото, полека, а ти чувствуваш
дека ти недостига воздух и дека не можеш да се спасиш од неа,
ползи зад тебе, толку шарена, безопасна. Бегај,
пропадни во мочуриштето, врати се назад во калта,
засекогаш избави нè.

АвторБране Мозетич
2018-08-21T17:21:36+00:00 септември 1st, 2004|Categories: Поезија, Блесок бр. 38|