од Баналии

од Баналии

како и обично се врати доцна
ништо не ми дале што би ми помогнало
слушаш ли, дејв, надвор нешто тропа
љубена ана, љубљана е како страшен кошмар
не разбирам зошто тука сè е толку погрешно

*
НИШТО НЕ МИ ДАЛЕ ШТО БИ МИ ПОМОГНАЛО
да опстанам. Никаква вера, за да можам да се надевам,
за да можам да се покајам, да молам и да се спасам.
Никаква љубов, за да ја раздавам наоколу.
За да не се залетувам постојано, за да не молам за внимание,
за нежност, за рака што би ме гушнала со страст.
Не ми оставиле стари навики и обичаи,
сите денови се исти и ниту еден од нив
ниту посебно очекувам, ниту му се радувам.
Ми ја дале способноста уште со вртењето на листот
да доживувам болка и истовремено да се справувам со неа.
Со стиснати усни. Ме обдариле со изострена точност
која одвреме-навреме пука и јас паѓам
во пропаста. Ми дале свет што ме занесува,
а не го чувствувам. Гледам само маса луѓе
што кренале раце. Си облекле маици со натпис:
I’m nobody. Who are you? Се среќаваме на улица,
на работа, во кино, по барови, и на тој начин разговараме,
прашуваме и одговараме. И нè боли.
А поинаку не знаеме.

АвторБране Мозетич
2018-08-21T17:21:36+00:00 септември 1st, 2004|Categories: Поезија, Блесок бр. 38|