Доаѓаат денови, природата се загледува
во лонецот згрозена и му постелува на славејот
во гнездото на бувот; денови на милоста.
Доаѓаат денови, ангелот почнува да пека по чисто убиство
а бранот би се качувал и на коленици
до горе за потегот на пастрмките; денови на гадење.
Доаѓаат денови, мора да дојдат, болести
се прејадуваат солзите а на црешата ѝ е криво за паунот,
кој никогаш не ги вкусил без црви нејзините плодови;
денови на чудото.
Доаѓаат денови, елените плачат во нив,
оти доцна се размладиле, а и песот ѝ се смешка
на суровоста на бичот; а тоа се деновите на милосрдието.