Ноќ во Аушвиц

/, Блесок бр. 74/Ноќ во Аушвиц

Ноќ во Аушвиц

Ноќ во Аушвиц
Доаѓаат денови
Зимска квечерина, прашања

Зошто осуденикот му се заблагодарува
на џелатот, кога му носи нечисто јаже,
и зошто песот им лае на громовите,
но пред виножитото се завлекува под човечките
или под орелските крилја?

Неспособност да се премине
прозрачното: тегобата над куклата,
чија распарталеност ти затврднува во видот
врз клинецот со восок, а над издишената врана,
што ќе ја кубе ноќта под твојот прозорец
во волчјите часови
и ќе ти ја распне на вратата
со единствениот тиркизов зрак од месечината.

АвторИван Купец
2018-08-21T17:21:00+00:00 септември 8th, 2010|Categories: Поезија, Блесок бр. 74|