Ноќ во Аушвиц

/, Блесок бр. 74/Ноќ во Аушвиц

Ноќ во Аушвиц

Ноќ во Аушвиц
Доаѓаат денови
Зимска квечерина, прашања

Превод од словачки: Звонко Танески

Денес пак слушам: по скалите
чекориш кон мене,
во ходникот тупотиш, за оградата
на зората ја потпираш својата апокалипса,
ноќта во Аушвиц.
Ја спуштам твојата плетенка, одамна расплетена
од јамката на смртта, падот на бесконечноста во сонот
на милионите, твоите зборови врежани на челото
на столетијата, жиг неизбришлив,
шумот на твојата острица, која со солзата на крвта
ја донесов од твојата бездна,
плескањето на крвничкиот бич го слушам,
кавалот тевтонски.
Дојди, влези кај мене,
ноќ на праведните, а на прагот не се препнувај,
не препнувај. Кон планината на својата коса ќе ме поведеш,
на дното од својата солза ќе ме нурнеш,
кон столбот на своите лелеци ќе ме наместиш
на изгубена стража. А таму повторно
со старата месечина ќе стоиме со тебе
гледајќи си в очи; твоите сведоци.

Нема повеќе човек да отиде во јаремот
на ноќта, нема да се смали Tроја во урнатините,
Европа нема да ја грабне бикот од мочуриштата: окото на историјата
нема да го прободеш со кама, со гас нема да го изгаснеш,
со копитото од бичот нема да го изгазиш, варварину.

АвторИван Купец
2018-08-21T17:21:00+00:00 септември 8th, 2010|Categories: Поезија, Блесок бр. 74|