Небесен пансион

/, Блесок бр. 80-81/Небесен пансион

Небесен пансион

Канцона и сиртаки
Братство и сестринство
Девојките на мојата младост
Расцутело Јудиното дрво во дворот на старата Виенска општа болница, денешен Универзитетски кампус
Мојата кафеана
Во Белград, десет години после војната
Небесен пансион
Малини

Истата слика во рамката од хотелскиот прозорец
Забрзани деловни луѓе, градски бадијалџии
Раззеленети стебла, кои првпат ги забележуваш
Мирисот на реката се крева низ сокакот како чад
Млади жени кои те рануваат со убавина.

Сè е исто во утрата, само си ти апсолутен
Странец во сопствениот јазик, кој набљудува во далечината
Од каде јуродивите ги подготвуваа пеколните одреди
Каде се зачнувала твојата смрт како цивкање на циганска
Виолина, со молк и незаинтересираност на оние
Кои некогаш те нарекуваа брат-поет.

Дунав овде е помирен отколку на Кагран
Каде шеташе десет години наспроти водата, ужаснат
Сега чекориш кон Устие, едвај малку замислен
Како човек кому со хируршки зафат
Му ја отстраниле способноста да се чуди и да ужива
Во светот, кој уште го мами на грев.

Дунав кој ги раздвојува братските народи, Donau
Во антикварница разлистуваш една рана книшка на
Црњански, од која молња ја осветлува твојата
Некогашна чиста петка по српско-хрватски:
Немаме ништо, ни бог ни господар.
Нашиот бог е крвта.

јули, 2007

АвторМиле Стоиќ
2018-08-21T17:20:57+00:00 декември 29th, 2011|Categories: Поезија, Блесок бр. 80-81|