Небесен пансион

/, Блесок бр. 80-81/Небесен пансион

Небесен пансион

Канцона и сиртаки
Братство и сестринство
Девојките на мојата младост
Расцутело Јудиното дрво во дворот на старата Виенска општа болница, денешен Универзитетски кампус
Мојата кафеана
Во Белград, десет години после војната
Небесен пансион
Малини

Девојките на мојата младост, наусикаи
Девојките на мојата младост, дијани, данаи, лолити
имаат едвај четириесет, а веќе седа коса, набрчкани чела, свенати раце
тие „ ladylike крај машините за шиење“
Многу од нив веќе огрубеле, веќе ја заборавиле љубовта
како што се заборава странски јазик

Девојките на мојата младост, рути и суламки
Девојките на мојата младост, приморки вили
имаат големи и празни очи
Сите свои солзи тие ги исплакале
А беа како создадени за неверства, сестри естери и јудити
Сите свои неверства тие ги потрошиле
во засолништа, во визби, во редови за леб
сите свои грешни мисли тие им ги дарувале на мртовци

Понекогаш на поминување ми се насмевнуваат
но повеќе грижно, како мајка на неразумно дете
Кога, онака со кафе, ќе им ги спомнам пропуштените можности
велат: ти замина, и тебе ти е до тоа. Ти не знаеш како е
кога ќе се отврдне на сè
Кога животот ќе стане само просто одбројување

Нивните тешки коси понекогаш ги мрсам во соништата
Нивните горди задници ги допирам со шушкање на свила
Нивните мали гради нежно ги прекривам со дланките
и помислувам: боже, за десет години сите тие ќе бидат мртви

Брзо ќе испоумрат тие божици на мојата младост,
здробени од војна, глад и солзи
тие пенелопи без просци, невестулки со згасната насмевка
Тие дамнешни недостапни и таинствени бунари на сласт
тие антигони кои ја повикуваат празнината, празнината без надеж
празнината без одек

АвторМиле Стоиќ
2018-08-21T17:20:57+00:00 декември 29th, 2011|Categories: Поезија, Блесок бр. 80-81|