Небесен пансион

/, Блесок бр. 80-81/Небесен пансион

Небесен пансион

Канцона и сиртаки
Братство и сестринство
Девојките на мојата младост
Расцутело Јудиното дрво во дворот на старата Виенска општа болница, денешен Универзитетски кампус
Мојата кафеана
Во Белград, десет години после војната
Небесен пансион
Малини

Во шумичката над Борачкото Езеро најдовме полјанка
со дрвен бунгалов, кој го најмивме на седум дена
Наутро селанките ни продаваа кајмак и сирење
и малини. Истурив кошничка малини врз твојот
гол стомак, па ги ловев со јазикот
Трагот од малини врз алабастерот од твоето тело
личеше на голема крвава дамка

Деновите на радост и секс паѓаа врз нас како златен прав
И исчезнуваа во тропотот на кочиите по правливиот макадам
нашите тела беа крајпатни знаци на тој пат
нашите тела беа креда која се трошеше
цртајќи неразбирливи знаци врз црната плоча на времето

Денес, потпрена врз големото бело зглавје
Ми нудиш малина која ти останала од болничкиот оброк
Несвесна дека мојата мечта ги повикува сликите од времето на малините
Сега те сакам повеќе, многу повеќе
И љубовта моја те штити со порозен чадор
Љубовта која чекаше долго и доаѓа во мигот кога не ја очекуваш
во мигот кога болката ти го искривува лицето.

АвторМиле Стоиќ
2018-08-21T17:20:57+00:00 декември 29th, 2011|Categories: Поезија, Блесок бр. 80-81|