Миле Стоиќ

/Миле Стоиќ
Миле Стоиќ 2018-08-21T17:18:14+00:00

Project Description

Миле Стоиќ е роден на 21 јануари 1955 година во Драгиќина (Босна и Херцеговина). Студиите по јужнословенски книжевности и јазици ги завршил на Филозофскиот факултет во Сараево. До јуни 1992 година живеел во Сараево од пишување и уредување на книжевни публикации. Потоа, повеќе од една деценија работел како лектор на Виенскиот универзитет.

Ги објавил книгите: Лилјан, јазикот на прашината, песни (Сараево 1977, 1981); Уметноста на темнината, песни (Сараево, 1987); Земска светлина, песни (Сараево, 1989); Јужност, избор, песни (Сараево, 1990); Гласовите на сараевската ноќ, есеи (Сараево, 1993, целиот тираж изгорел во печатницата во Мостар); Либрето за шупелка и митралез, песни (Загреб, 1994); Прогонети елегии, песни (Сараево, 1996); Утро во Помпеи, есеи (Загреб, 1999); Зборови на прозорецот, есеи (Сараево, 1999); Унгарско море, песни (Меѓугорје, 1999); Светлина во мракот на сонцето, раскази (Зеница, 2002); Заборавете нè, песни (Сплит, 2003); Речник за петок и сабота, есеи (Загреб, 2004); Прогонети елегии, избрани песни (Сараево, 2004); Вечера без политика, песни (Загреб, 2004); Признание, песни (Загреб, 2007); Утеха овде нема, песни (Цетиње, 2007); Café Носталгија, есеи (Сисак, 2007); Via Vienna, патописи (Загреб, 2008, Белград, 2008), Меѓу скараните народи, песни (Загреб, 2009), Ружа во луња, есеи (Загреб, 2010).

Книги преведени на странски јазици: Fenster Worte, ein bosnisches Alphabet, есеи (Кланегфурт, 2001.), Das ungarische Meer, избор песни (Кланегфурт-Виена, 2006.), Земна светлина, избор песни (Прилеп, 1991), Strzala w popiele, избор песни (Варшава, 2002.), Via Vienna, патописи (Варшава, 2006.), Mare magiaro, избор песни (Пезаро, 2005.), Dictionary for Saturday and Sunday, есеи (Чикаго, 2004.) Nebeški penzion, песни (Љубљана, 2010).

Ги составил антологиите: Зад спуштени трепки, антологија на модерната хрватска поезија (Сараево, 1991); Во бол и бес (босанска воена книжевност, заедно со Алија Исаковиќ, Виена, 1995); Поезијата на Босна и Херцеговина во XX век (заедно со Марко Вешовиќ и Енес Дураковиќ, Сараево, 1999).

Добитник е на наградите: Шимиќеви средби (1971), Слово Горчино (1974), Печат Сремско-карловачки (1976), Бранкова награда на Друштвото на писателите на Војводина за најдобра книга на млад писател во Југославија (1978), Награда на Книжевната младина на Босна и Херцеговина за најдобра книга (1980), Награда на Железарницата Сисак за најдобра книга песни во Југославија (1988), Награда на издавачката куќа Планакс за најдобра пеотска книга во БиХ (1999), Награда Бухпреми на Австриското министерство за култура за една од десетте најдобри книги објавени во Австрија (2000), Кочиќево перо (2006), Горанов венец за севкупен придонес кон хрватската поезија (2007), Годишна награда на Друштвото на писателите на БиХ за најдобра книга (2010).

Живее во Сараево.

Related Articles