Небесен пансион

/, Блесок бр. 80-81/Небесен пансион

Небесен пансион

Канцона и сиртаки
Братство и сестринство
Девојките на мојата младост
Расцутело Јудиното дрво во дворот на старата Виенска општа болница, денешен Универзитетски кампус
Мојата кафеана
Во Белград, десет години после војната
Небесен пансион
Малини

Пред небесниот трибунал
Откако врховниот судија ќе го наброи
Списокот на сите мои големи смртни гревови
Доколку се бара последен збор од обвинетиот
Пред вечната пресуда
Ќе речам: Господе, доделете ми
Еден мал пансион
Во предворјето на адот
Та јас и долу навикнав
да живеам во оган.

Би замолил само во одаите покрај моите
Да има уште четворица Хрвати
Двајца Срби и тројца Бошњаци
Еден Германец, еден Италијанец (deutschsprachig),
Двајца Австријци
И еден Унгарец
со кои ги делев убавите и неподносливите денови
на моето привремено траење.

И да има тука уште осум жени,
чија националност
никогаш не ме интересирала,
а кои ми укажуваа
дека постои рај:
Весна (со очи од небеско синило),
Лилјана,
Селма, „русиот ангел“
Елке,
Милена (која ќе ме следи кога на полноќ
ќе се тетеравам низ подземните улици),
Сенада,
Кармен (која ми откри
еден paradiso без љубов)
И Фатима, небесната хурија.

И уште, те молам, осигури ни го шанкерот Мики
И еден клима уред.
Толку, боже, белки, сум заслужил
Скитајќи низ твоите
земни пеколи.

А луксузните апартмани, рајските градини
додели им ги на оние
кои уживале и на земјата.

АвторМиле Стоиќ
2018-08-21T17:20:57+00:00 декември 29th, 2011|Categories: Поезија, Блесок бр. 80-81|