Мирно

cinema
мирно
Dub песна
прашањето на почетокот
Ајде

седам во ќошето на ноќта и ги посматрам контурите на дрвјата.
пред мене чаша ладно пиво.
нацрвени усни блескаат во темнината.
се вкупно – чиста психоделија.
анимирани делфини и тибет. кругот е затворен.
никој веќе не знае за што всушност станува збор.
жените во здолништа се вистинска реткост,
мислам на оние долгоногите,
и тоа навистина долгоноги.
dub верзија на вечерта. ganja rules.
телата се брануваат полека
и во целост, како море.
темно модро небо што се жари.
вечер е. девојките се весели и црвенокоси.
како ли им стојат младите гради!
и со каква гордост само ги носат!
за тоа се работи.

2018-08-21T17:21:09+00:00 октомври 11th, 2008|Categories: Поезија, Блесок бр. 61-62|