Мирно

cinema
мирно
Dub песна
прашањето на почетокот
Ајде

толку сум спокоен. месецот е црвен, штотуку се долулка
од зад облаците. лекум, божем љубопитно дете што лази.
на телевизија даваат мала шарена вазичка со сува роза
и насилство. се убиваат со пушки и со раце. сè е толку
брзо и како да е вистински. моника тоа не го знае.
спие мирно. спие и диши рамномерно како машина.
ноќ е. а слушам дека автомобилите не спијат.
ни мачките. врескаат и се бркаат под прозорецот.
ни јас не спијам. седам и не можам да речам дека размислувам,
само ја посматрам жилата што ти ја лиже дланката божем река.

2018-08-21T17:21:09+00:00 октомври 11th, 2008|Categories: Поезија, Блесок бр. 61-62|