Колку ужасно задоволство

/, Блесок бр. 91/Колку ужасно задоволство

Колку ужасно задоволство

Во 8 часот
На централната станица
Камен во мочуриштето
Уште еден камен во мочуриштето
Под плаштот на принципите
Врвот на мојот јазик
Несреќа
Страв
Колку ужасно задоволство

Се плашам да се смеам.
Страв ми е да тргнам да се смеам,
па тргнувам на друго место.
И само моите дебели усни
се смешкаат тенко.
Најсериозните граѓани
вчера се задушија
од недоџвакан насмев и умреа.
Се плашам да се смеам.
Смеата е здравје само ако
е здрав духот…
Но оние
што страдаат од смеа, се клештат.
Се плашам што се плашам.
Не се тресам од смеа.
Јас треперам.

АвторРумен Леонидов
2018-08-21T17:20:48+00:00 септември 21st, 2013|Categories: Поезија, Блесок бр. 91|