Избор песни од „Огнени станици“

/, Блесок бр. 58/Избор песни од „Огнени станици“

Избор песни од „Огнени станици“

Ноќна работа
Заспаната циганка
Саботна вечер
Ќос
Акустична минерална волна
Свилениот пат

Седна до мене, непоканет, крај барот: пол-
ничок нутриционист, со скршена вилица голема колку
половина кугла и црна. Над киселата вода со лимон, ми ја даде
својата непопустлива филозофија на механизираниот кокошарник:
Да изедеш јајце е како да изедеш парче од Пеколот.

Има уште: нутриционистот го имал видено Ѓаволот,
еднаш, како се симнува од слика облечен
во сандали и сламена шапка. И не само тоа – Ѓаволот
го следел до дома и шест месеци го клукал по глава:
Зошто не се убиеш.
За малку и ќе било така. Сепак,

преживеал. Имал и полоши времиња: како целиот саат
заклучен во замрзнувачот на некој товарен брод,
лизгајќи се на смрзнати чадени харинги. Само што сега
гледа лица крај патот во пирејот и цвеќињата,
а моето лице падна, кога тој стана, и просто рече:

Ќе се видиме пак. Знам кај да те најдам.

АвторА. Б. Џексон
2018-08-21T17:21:12+00:00 февруари 25th, 2008|Categories: Поезија, Блесок бр. 58|