Дом

Дом
***
Човечката благодарност
Добар избор
Изгубена илузија

Признавам –
не бев којзнае каков пријател.
Но знаев добро да ги избирам
непријателите.
Во споредба со нив
сум како чесен над чесните, убав,
а и очите ми се се уште сини.
Нивната надмена просечност
ги нагласува
моите безначајни дарови.
За разлика од нив
се уште сум му миленик на соседството,
речиси како роднина на Шекспир,
сон на секоја домаќинка.
Боже мој!
Тие брборат глупости
што јас ги премолчувам,
се занимаваат со слатки измами
што не се осмелувам да ги помислам…
Всушност
моите чудесни непријатели
се моето второ Јас.
А моето прво Јас
презриво ме гледа
и постепено се претвора
во мој непријател.

АвторГеорги Константинов
2018-08-21T17:21:57+00:00 април 1st, 2001|Categories: Поезија, Блесок бр. 20|