Дом

Дом
***
Човечката благодарност
Добар избор
Изгубена илузија

Најпосле си помислив
дека мене наивниот,
мене – будалата,
мене – поклоник на големи вистини
кој животари со ситни банкноти,
мене – готов да го гушнам
расплаканиот волк
или насмеаната ајкула,
мене – кој се уште не разбира
дека шушкањето на парите
е погласно
од грмотевиците на Страшниот суд –
помислив дека мене
местото ми е во музеј…
Да, ама…! Денес видов
дека музејот го нема повеќе,
дека исчезнал.
Дека го претвориле во
луксузен ноќен клуб
со високи цени и редари во свила.
И дека мене како музејска реткост
не ми преостанува ништо друго
освен да талкам,
да талкам по светот
бесцелно.

АвторГеорги Константинов
2018-08-21T17:21:57+00:00 април 1st, 2001|Categories: Поезија, Блесок бр. 20|