Велосипедска музика

/, Блесок бр. 47/Велосипедска музика

Велосипедска музика

Велосипедска музика
Композиција за расположение
Куса историја
Рано навечер, како сега
На полпат
Филозофија на љубовта
Орфејска варијација
Досието Х

Во право си. Да се влезе во тебе
или во мене
е да се влезе в шума
во која сè е живо.
Лисјата растреперени со приватни гестикулации.

Присуството е продорен мирис,
окото шпион во кожа на дрво:

движејќи се небаре родени тука
откриваме
како формата се отвора во форма:
корен станува папрат станува дрво.

Како животот постојано се отвора –
незапирлива шума
што пука со лисје и ластари.

Ако ова звучи како скица
наместо писмо
ноќва шумата е толку полна со облици и звуци
што не знам од кај да почнам
ни кај да завршам
а ти?

АвторФиона Сампсон
2018-08-21T17:21:26+00:00 април 16th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 47|