Велосипедска музика

/, Блесок бр. 47/Велосипедска музика

Велосипедска музика

Велосипедска музика
Композиција за расположение
Куса историја
Рано навечер, како сега
На полпат
Филозофија на љубовта
Орфејска варијација
Досието Х

Рано навечер, како сега, еден маж е наведнат
врз својата маса за пишување.

– Луиз Глик, Песна

Тревникот е пред него:
еден итар ќос колве накосо
и еден свиен изданок се движи како игла на компас. Тој
дише тешко, вдишувајќи со гребеж на концентрација,
издишувајќи свиреж. Низ стегнати усни.
Отаде ова, отаде глетката низ прозорецот,
е таа подалечна глетка во која човекот
се ведне врз стаклото кон
имиња и лица што ние не ги гледаме.
Тој е поврзан со нив
со нишки болно внимание што не можат да ги скинат:
тие се загатка за него
и тој се труди да ги реши. Како бумбарот со мали краци
што лека полека скока од страк на страк.

АвторФиона Сампсон
2018-08-21T17:21:26+00:00 април 16th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 47|