Бунар

Бунар

Хоризонт
Камен
Летен дожд
Пепел
Бунар
Марта

Го ставаш огледалото пред друго огледало,
тие го свртуваат грбот кон себе.

Ќе исчезне светлоста
меѓу огледалата.

Да се премижурка
темнината,

да се премечтае
луната,

да се преврти
кругот,

да се пресече
бунарот,

да се прекрили, да се преквака
лилјакот.

Сакав да те преместам
како главоболка, како непроспиена ноќ,
да те пречекам под настрешницата како летен дожд,

тебе зад обете огледала,
кои го свртеле грбот кон себе.

АвторЈан Ондруш
2018-08-21T17:21:00+00:00 септември 8th, 2010|Categories: Поезија, Блесок бр. 74|