Бунар

Бунар

Хоризонт
Камен
Летен дожд
Пепел
Бунар
Марта

Сам
во карамболот на нашите лица,

трескавичен, секира
врз бакнежот закачена,

ќе те означам со љубов,
со мислечки глас, нема да се доискажам,

ќе заминам,
ќе се заведам кон куќната порта,

ќе се превезам на гранката што расте,

ќе се вознесам на преломот од рацете,

зашто, глеј,

виното е за тебе,
жолчноста е за мене,

огнот е за тебе,
пепелот е за мене,

за тебе е секоја
вечер со месечевиот
илузионист над стреите,

за мене е разденувањето и враќањето,
кога ја свртувам главата под пазувата,
заспивам и ги затворам очите за тебе,

за тебе е славејот,
за мене е песот,

што сето тоа го лае,
го лае тоа за мене,
го лае тоа наопачки,

кога на преломот со рацете
земам здив, треска, крик,
ќе ја оставам оддалеченоста на устите меѓу нас,

и така оддалеку
ќе те означам со љубов,
со мислечки глас, нема да се доискажам,

сè до работ
од каменот, кој е за мене
и врз кого можеш да си ја удираш главата.

АвторЈан Ондруш
2018-08-21T17:21:00+00:00 септември 8th, 2010|Categories: Поезија, Блесок бр. 74|