Бунар

Бунар

Хоризонт
Камен
Летен дожд
Пепел
Бунар
Марта

1.

Дувам во пепелта,

со дувањето се губам, исчезнувам
со него, брзо се трошам,

нагло се обѕирам:
сум останал со помалото делче
а издуваниот дел ми стрчи,

проникнува низ мене, ме прегледува, подобар е од мене,
за уста е побрз и ме превива,

остатокот е за во ќош, за во џеб,

издуваниот дел се
свртува и целува, тропнува,

остатокот бега а песјата глава
му е поставена кај лаежот.

2.

Вдахнови се од пепелта, возбуди
се во неа со солзи и со химна.

Направи си во пепелта излез
од сонот или од проповедницата и од љубовта.

Доостари во пепелта, дотажи се во неа
и во пепел претажи се.

АвторЈан Ондруш
2018-08-21T17:21:00+00:00 септември 8th, 2010|Categories: Поезија, Блесок бр. 74|