Преписка со Нина: Влези кога ќе посакаш, вратате е отклучена

/, Звук, Блесок бр. 100/Преписка со Нина: Влези кога ќе посакаш, вратате е отклучена

Преписка со Нина: Влези кога ќе посакаш, вратате е отклучена

Ветрот е див
Реинкарнација на египетската кралица
Две песни
DON"T LET ME BE MISUNDERSTOOD

Твојот глас Нина, начинот на кој ги изговараш и ги делиш зборовите, начинот на кој се престоруваш во таа песна и несебично му ја пушташ на светот, ми дава сила, но ме враќа и во синџирите чии клучеви и денеска ги имаат високо позиционирани функционери на Кју Клукс Кланот.

Сето ова го кажувам заради себе, зборувам заради Бога во кого апсолутно се сомневам, заради годините кои ми се одземени, а не постои начин тоа некогаш да се исправи, го кажувам заради они кои не се откажаа од штрајкот и веруваат дека нешто можат да изменат, иако знаат дека светот е една голема лажга и нема знаме под кое можат да застанат.

Осамен Кинез сум пред тенковите, Нина, линчувана човечка овошка на американскиот југ, под вратот ми се остриците на разни лудаци, кои би сакале да нѐ закопаат со своите идеологии и луди идеи за нови светски поредоци. Уморен сум од секој нов Виетнам, од класисти расисти, религиозни фанатици. Останувам без мисли за излез, безнадежен, но со твоите прекрасни песни. Сепак останувам.

Музика

2018-08-21T17:20:42+00:00 септември 9th, 2015|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 100|