Преписка со Нина: Влези кога ќе посакаш, вратате е отклучена

/, Звук, Блесок бр. 100/Преписка со Нина: Влези кога ќе посакаш, вратате е отклучена

Преписка со Нина: Влези кога ќе посакаш, вратате е отклучена

Ветрот е див
Реинкарнација на египетската кралица
Две песни
DON"T LET ME BE MISUNDERSTOOD

Нина Симон, знам дека е предоцна и дека не постои начин да ме слушнеш, ама тоа веќе не е ни важно. Ноќеска, докторке Симон, го сфаќам, повеќе од секогаш, мракот на проклетството на кожата на секој од нас и поместените детства што човека го обележуваат како ништо друго подоцна.

Јасно ми е дека сме фигури во големите партии и дека нашите мали бунтови се сѐ што ни преостанува. Оние големите по правило нѐ изневеруваат.

Јасен е твојот бес, Нина, и одново ме опива твоето целосно предавање на песната, наивноста и посветеноста, твојата неспособност да бидеш мајка на детето кое и понатаму те обожува и го разбира сето она низ што си морала да пројдеш за да дојдеш до крајот, ти ги преживуваше измамите, падовите и искачувањата и остана на престолот, горе кај што ветрот и понатаму е див и осамен како никаде. Во него остана нашата младост, тој ветер ја враќа дамнешната прва љубов, го спојува крајот со почетокот.

Музика

2018-08-21T17:20:42+00:00 септември 9th, 2015|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 100|