Поезија – Радован Павловски

/, Литература, Блесок бр. 143/Поезија – Радован Павловски

Поезија – Радован Павловски

ЖЕНА
БАКНЕЖ ВО ТРЕВА
И ТАКА ТИ МАЛЕЧОК НĖ ИЗМАМИ
БАЛАДА ЗА КОЊОТ


БАЛАДА ЗА КОЊОТ

 

Мојот мртов коњ
што мириса босилек
го влечам како чамец
Дрвјето се поти
Ветерот од пасиштата
носи разговор на група луѓе
Ветерот се крсти
Секоја билка стана бела креда
Децата ја изгубија играта
и скриени зад ѕидовите како полумесеци
ги гризат ноктињата
ги цицаат прстињата
Го чекаат тропотот на мојот коњ
Ме проколнува куќата од ридот
Планината е облак
Водо
испеј една тажалка
за мојот голем коњ
за мојот одмор.

 

Избор песни од: Поезија I, Наша книга, Скопје, 1986 година

АвторРадован Павловски
2022-05-12T07:55:04+00:00 април 30th, 2022|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 143|