Поезија – Радован Павловски

/, Литература, Блесок бр. 143/Поезија – Радован Павловски

Поезија – Радован Павловски

ЖЕНА
БАКНЕЖ ВО ТРЕВА
И ТАКА ТИ МАЛЕЧОК НĖ ИЗМАМИ
БАЛАДА ЗА КОЊОТ


БАКНЕЖ ВО ТРЕВА

 

Тревата на твоето тело
расцветува од мојот јужен ветер
Низ трепки го гледаш моето лице
помешано со облаците
Ти што си жедна земја
Јас оган на усни
Околу себе плетеме
Крепост од треви
Во бура од бели
Црвени и црни шамивчиња
Твоите и моите очи
се отвораат и затвораат
Музика од движења и квечерина
а пладне е кога во нас
огнот ја пее својата химна
Ќе се вратиш
со мој знак во телото и душата
и штом ќе најдеш моја сличност
друг ќе љубиш тагувајќи за мене
Вазно на мојот цвет.

АвторРадован Павловски
2022-05-12T07:55:04+00:00 април 30th, 2022|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 143|