Поезија – Радован Павловски

/, Литература, Блесок бр. 143/Поезија – Радован Павловски

Поезија – Радован Павловски

ЖЕНА
БАКНЕЖ ВО ТРЕВА
И ТАКА ТИ МАЛЕЧОК НĖ ИЗМАМИ
БАЛАДА ЗА КОЊОТ


ЖЕНА

 

Таа е
Шатор за ноќевање на машки цветови
Ноќен напев на мојот постанок
Походот на моите сили е таму
Каде што Таа уште од Троја
Ја крие својата слатка Тајна.

Без нашето милување би немало море
Ниту пак би се ковале прстења од метеори
Ниту пак би биле отсликани во остров на осаменост

По бродолом како заскитана светлина
Ги барам нејзините очи
Одисејата на мојата љубов
Одекнува
Во нејзините долини

 

АвторРадован Павловски
2022-05-12T07:55:04+00:00 април 30th, 2022|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 143|