бодеж
секојдневно гледам
забавни квизови на телевизија
и пробувам да ги претекнам натпреварувачите
четврток е,
ден кога во дневната седи уште некој
се испружувам на каучот,
тој зјапа во мене
и ме стрела со поглед
оној кој тајно се обидува да дојде
до доверливи податоци
и да ги посредува на друго лице
за делче од секунда
моите очи го потврдуваат неговото постоење,
контактот е наелектризиран со насилство
шпион?
одекнува вибрира во собата
го крева телефонот
или се преправа
и вели
утре можеш да ги донесеш ножевите
во мене нагрнува стравот
што татни од него,
се слева со мојата психоза
и се преточува наназад во него
седиме и се тресеме
посакувајќи еден на друг
да си го расечеме лицето
кога емисијата завршува
секој бега во својата соба