Песни

бурлеска

 

на балконот на одделот од отворен тип

сите пијат сок од портокал

што наводно помага

подобро да делуваат

таблетките против зависност

 

едно старче му ги нуди своите бензодиазепани

на мажот со ортоза околу вратот

 

биполарецот им се развикува

и ги поткажува на медицинските сестри

 

          бројот на медицински техничари

          во однос на сестрите

          прилично опаѓа при преминот

          од затворениот

          преку полузатворениот

          до отворениот оддел

 

крај масата седнува будистка

што мисли дека доживеала просветление

а во пракса домашните

ги гаѓала со чинии

 

крај неа алкохоличарот се обидува да ја совлада треската

зашто тука нема шишиња

што би ја задушиле

 

влегува нашминкана жена

во розови тренерки

и со испапчени усни

 

          што само пред неколку минути ги притискала

          врз младиот зависник

          кој сега седи крај неа

          и ја држи за рака

 

носи очила за сонце

па не знаеме

кому му е наменето пророштвото

 

за една седмица

еден од вас

ќе се вљуби во мене

АвторПино Пограјц
2023-10-01T12:33:51+00:00 септември 9th, 2023|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 151|