Поезија – Богомил Ѓузел

/, Литература, Блесок бр. 137/Поезија – Богомил Ѓузел

Поезија – Богомил Ѓузел

Троја
Потоп во Интернационалната програма за пишување, Ајова Сити
Професионален поет
Пофалба на каменот
Пролет во апокалипса
Видение
Второ пришествие
Еретик Богомил
Отуѓен дома, задомен во туѓина
Рушејќи го ѕидот
Орелот на Прометеј
Остров на копно
По потопот, пак тие
Крај на векот


Отуѓен дома, задомен во туѓина

 

Толку пати си реков –

треба да се довршат работите дома

треба да се запали сè без остаток

 

Потем

како замелушена мува се врткав

околу осветлените градови на светот

 

Ноќе

кога отрпнуваат сите светилки и сетила

коренот (што вчера крцкаше сочен под забите)

 

ме вабеше

да му се вратам како изданок

глава набиена на колец

АвторБогомил Ѓузел
2021-06-02T19:51:42+00:00 мај 31st, 2021|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 137|