Превод од африкaанс: Зоран Радически
Детето не е мртво
детето ги крева тупаниците кон мајка си,
која вреска Африка!
Вреска здивот од слобода и рогоз
по предградијата на опколеното срце
Детето ги крева тупаниците кон својот татко
во генерацискиот марш кој вреска Африка!
Вреска здивот на праведноста и крвта
по улиците на својата вооружена гордост
Детето не е мртво ниту кај Ланга, ниту кај Нјанга
ниту кај Орландо, ниту кај Шарпервил
ниту кај полициската станица во Филипи
кај што лежи со свирнат куршум в глава
Детето е сенката на војниците
што чуваат стража со пушки, тенкови и палки
детето е присутно на сите седници, при сите законски одлуки
детето ѕирка низ прозорците на куќите право во срцата на мајките
детево што само си играше на сонце кај Нјанга е насекаде
детето што стана човек талка насекаде низ Африка
детето што стана џин патува ширум светот,
без пасош