Кога детството заврши,
престана восхитот.
Стоев, па нели како да беше вчера,
на работ од полето, каде булката
и камилицата ми раскажуваа приказни,
и со дланката над очите зјапав
кон сонцето кое заоѓа.
На липата, постара од војна
и постара од мир,
висеше градоначалникот и со наведната
глава ги слушаше пчелите.
Тој не сакаше да биде така.
После дождот
АвторМихаел Кругер