Препев од германски: Елизабета Линднер
Ги познавав добрите и лошите сенки,
беспросторните сенки на соништата, во кои теолози
се караат за јаболкото на раздорот, и за сенката
што ја фрлаат рибите и заитаните инсекти.
Дедо ми мешаше сенки во сеидбата,
за да порасне нешто што не е залудно,
и за плевата да не се дели од житото.
А еднаш ја видов сенката на птиците,
која висеше на каменот како волна на грмушка.
Од денеска и мојот сон фрла сенка
врз светот кој станува сè понеосветлен.