После дождот

/, Блесок бр. 88/После дождот

После дождот

За сенките
Доцен септември
Последниот воз
После дождот
За детството

Едно куче влечка уплашен живот
низ улицата, едно дете го носи својот Бог
во најлонска кеса под јакната,
страчките повторно сакаат да бидат теолози.
Дури после дождот ќе се промени светот.
Реката ми се тркала во пресрет,
вреска толку гласно што во неа се губам.
Знаците во книгите – предвесници на бура,
ќе ги читаме после дождот,
доколку она После-дождот постои.

АвторМихаел Кругер
2018-08-21T17:20:50+00:00 февруари 23rd, 2013|Categories: Поезија, Блесок бр. 88|