Поеми

Поеми

Артемида и Актеон
Читање на христијанската академија
Песот на смртта
„Ве молиме испратете кратка биографија“
Ненадејна посета
Сол од пазарот

Штом ќе слушне како се затвора
вратата на колата, го зема црвеното

топче и го мрда целиот задник.
Смртта вели, “Кој е добро момче

ти си добро момче.“ Па се пресоблекува
во стари алишта и излегуваат

во дворот зад куќата.

Блеки ќе трча по топчето
додека не се измори, а потоа ќе

се преврти со изваден јазик
но погледот му останува на Смртта,

која сака да се бори
ама никогаш не се развикала

а камо ли да фати в рака
весник свиткан во тутурутка.

АвторРон Курџи
2018-08-21T17:20:37+00:00 ноември 10th, 2016|Categories: Поезија, Блесок бр. 110|