Мојата Ева

Мојата Ева

Мојата Ева
Пред одар
Оживување
Присеќавање
Посета
Изрод
Двојства
Екстаза
Единствена жена

I
Некоја Ти

Некоја друга Ти
а сепак не Ти
не оваа која си
не оваа што ја сакаш…

II
Некоја друга
Некоја што ти е туѓа
а во тебе демне
свеста кога ти ѕемне
тогаш кога се немаш…

III
Некоја друга во тебе

Некоја што те краде
со сомнежи што те јаде…

Некоја не-Ти
на тебе што личи.

2018-08-21T17:22:14+00:00 август 1st, 1998|Categories: Поезија, Блесок бр. 04|