Мојата Ева

Мојата Ева

Мојата Ева
Пред одар
Оживување
Присеќавање
Посета
Изрод
Двојства
Екстаза
Единствена жена

Тебе веќе те нема
само мислата за тебе
во мене ја има…

Сите твои траги
сè што било твое
што ти припаѓало
сè уште е тука
сè уште е твое
сè уште ти припаѓа…

Тебе те нема
но на тебе се сеќава
сè што те допрело
сè што си допрела
на тебе се сеќава
сè што си видела
сè што те видело
на тебе се сеќава
сè што може да се сеќава
сè што знае да се сеќава…

Тебе те има во допирот на сè што те допрело
во видот на сè што те видело
во сеќавањето на сè што те запаметило
сè пак за да те обликува
за да те возобновува
за да можеш пак да живееш
за да можеш пак да постоиш
иако телото ти го нема
иако тебе ми те нема
твоето присуство да го доживувам
мислата за тебе што постои
тебе ми те оживува…

2018-08-21T17:22:14+00:00 август 1st, 1998|Categories: Поезија, Блесок бр. 04|