Мојата Ева

Мојата Ева

Мојата Ева
Пред одар
Оживување
Присеќавање
Посета
Изрод
Двојства
Екстаза
Единствена жена

Слетаа птици
Во свеста
Во Неа
Да се бранува
Ко жито раскрвавено од булки
Крвта да пее
Во секоја вена
Во секоја булка
по телото што цвета
Во секоја жена
Крвта пее
ѝ удира в глава
ѝ го одзема здивот
А таа – со очи ужаснати од среќа.

2018-08-21T17:22:14+00:00 август 1st, 1998|Categories: Поезија, Блесок бр. 04|